еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Младите Иван и Ана тргнаа на летување, а летнаа во провалија

Со поставување скршено возило во Градскиот парк во Скопје и пораката „Тргнаа на летување, а летнаа во провалија… Иван (24) и Ана (19) го загубија животот во сообраќајна незгода…“ Републичкиот совет за безбеност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), МВР, Америт и Град Скопје преку визуелен приказ ќе предупредат за опасностите што со себе ги носи неодговорното, несоодветното и несовесното учество во сообраќајот.

Воедно, ја продолжуваат кампањата за подигнување на свеста кај возачите, под мотото „Не летај, летувај!“. Скршеното возило што ќе биде поставено кај фонтаната во Градскиот парк ќе биде на оваа локација сѐ до завршување на летото.

– Примарна цел за автентично прикажување на последиците од неодговорно и несоодветно учество во сообраќајот со фатален крај е подигнување на свеста кај возачите за безбедно, одговорно и смирено учество во сообраќајот. Само кога вака ќе се вклучат во сообраќајот, патувањето до посакуваната дестинација ќе биде безбедно, а личниот и животот на другите патници ќе бидат заштитени. Искрено, сметаме дека вистинските приказни се тажни и болни, но за жал, понекогаш тие се единствениот начин да покажеме дека една минута невнимание може да значи изгубен живот, велат од РСБСП.

Оттаму ги потсетуваат возачите дека, возењето под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволената се најчестите причини за сообраќајни незгоди во перидот на годишните одмори.

Според статистиката на МВР, вкупно 155 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди во 2017 година. Од нив, 66 се млади лица на возраст од 15 до 40 години. Минатата година, речиси секојдневно се случувале сообраќајни незгоди со фатални последици (4.020), а најголемиот дел од нив (438) се случиле во јули. Годинава повеќе од 65 лица загинале на патиштата во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кампања за дарување коскена срцевина и работилница за трансплантација

Редакција

Повик верниците на Велика Сабота да излезат на своите балкони со свеќа и да го запеат тропарот на Воскресението

Редакција

Пановски за употребата на антибиотици во време на Ковид-19: Немајќи протоколи се предлагаат и непотребни лекови

Редакција