еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Многу течности и парацетамол за температура над 39, советува Докиќ за болните од Ковид-19

Проф. д-р Дејан Докиќ, кој воедно е и координатор на ковид центрите во интерните клиники, советува за болните од Ковид-19 дека основно е да се пијат многу течности и да се земе витаминска терапија.

-Ц витамин, но претпазливо, затоа што може да ги оштети бубрезите. Цинк, некои антиоксиданси, Д витамин од 2.000 до 4.000 интернационални единици. Но, она што е важно, е дека не би сакал граѓаните да земат парацетамол непотребно.

На температура 37,2 тие земаат парацетамол. Температурата е дел од одбранбениот систем. Температуратa над 39, само од тие причини се зема да се намали, и тоа не драстично, туку да живне организмот.

Антибиотиците строго ќе се даваат онаму каде имате индикација за бактериска инфекција. Ова е вирус, сите знаат и матичните лекари и малите деца. За вирус не се дава антибиотик.

Се додека имате симптоми на вирус и немате знаци биохемиски, клинички, лабораториски или на рендгенска снимка дека има бактериска инфекција нема потреба да се зема антибиотик, па и при зголемена температура.

Доколку има CRP раст, доколку имате леукоцитоза и покрај тоа што лимфоцитите се намалени при бактериска инфекција, ќе пораснат леукоцитите, ќе пораснат некои други параметри во крвта имате прокалцитонин, тоа е една супстанца која точно ви кажува дека имате бактериска инфекција, имате компјутер, точно се знае како изгледа една бактериска супер инфекција на пневмонија, во такви случаи ќе дадете антибиотик по водичите кои тоа го препишуваат, појаснува проф. д-р Докиќ во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Се почесто да слушаме позитивни вести, посакувам брзо закрепнување на сите пациенти

Редакција

(Фото) Кои се хероите кои деноноќно работат и изработуваат тестови за корона вирусот

Редакција

Тимбилдинг – активност преку која група на индивидуалци се претвора во тим

Редакција