еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

МНР на Бугарија: Условите за меѓувладина конференција со Македонија не се исполнети

Условите за одржување на меѓувладина конференција со Република Северна Македонија не се исполнети, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Од МНР на Бугарија нагласуваат дека позицијата во однос на рамката за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија останува непроменета.

-Рамката за преговори треба да ги содржи потребните гаранции во врска со спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година, кои во моментов не се исполнети. Затоа не се исполнети и условите за спроведување Меѓувладина конференција.

Бугарија останува отворена за дијалог и презема чекори за градење доверба и враќање на прагматичен и конструктивен дијалог, соопшти МНР на Бугарија.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потег за почит: Бесплатна реклама на time.mk за микро и мали претпријатија кои доставуваат храна и лекови

Редакција

(Фото) Османи и неговиот украински колега си разменија дресови

Редакција

„Макпетрол“ го доби тендерот на ЈСП Скопје за набавка на природен гас вреден 460.000 евра

Редакција