Министерството за надворешни работи (МНР) информира дека согласно остварените комуникации со дел од граѓаните на Македонија кои во моментов се наоѓаат во Казахстан, тие се безбедни и засега не е регистриран ниту еден наш граѓанин кој е повреден или загрозен.
-МНР продолжува континуирано да ја следи состојбата во Казахстан и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Северна Македонија во Нур Султан, како и со соодветните институции од земјите во регионот, со цел обезбедување соодветни информации за македонските граѓани, велат од таму.
Од МНР апелираат до сите наши граѓани кои во овој момент се наоѓаат во Казахстан да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации.
– За сите прашања поврзани со безбедноста на граѓаните на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Казахстан молиме да се обратите на отворените телефони во нашето дипломатско-конзуларно претставништва во Нур Султан или во Министерството за надворешни работи.
За сите наши граѓани кои планираат патување во Казахстан, апелираме да се одложи истото доколку е можно, велат од МНР и ги споделуваат овие информации:
Амбасада на Република Северна Македонија во Нур Султан, телефон: +7771 103 7070 / +7775 257 3322.
-Молиме да се има во предвид дека има повремени прекиди на интернетот во Казахстан.
Е-пошта: [email protected].
Адреса: Ul. “Tashenov” No3, Nur-Sultan 010000, Republic of Kazakhstan.
Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија: Дежурен телефон активен 24 часа +389 75 273 732 и е-маил: [email protected], наведуваат од македонското МНР.