Министерството за надворешни работи информира дека по добиената информација за повеќемина заглавени македонски автопревозници на италијанско-словенечката граница, поради нејзино затворање од страна на словенечките власти, преку своите дипломатско – конзуларни претставништва во Љубљана и Загреб, стапи во контакт со надлежните власти на релевантните држави со цел непречен премин до матичната држава.
„По успешните дипломатски напори, информираме дека е овозможен транзитен камионски транспорт со полициска придружба преку словенечка територија, до крајната дестинација, Република Северна Македонија.
Воедно, Министерството за надворешни работи изразува благодарност на словенечките и хрватските колеги за брзата реакција и обезбедувањето на конвојот на нивна територија“, соопшти МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројот на заразени 228: Четврта жртва од корона вирусот во Грција
(Видео) Се тестираат седум нови пациенти за коронавирусот, две родилки од Дебар
МНР прави напори да им се помогне на нашите граѓани кои „заглавија“ надвор поради коронавирусот