еМагазин
Image default
Македонија

Модуларната болница во Тетово изградена согласно сите предвидени процедури и стандарди, велат од Министерство за здравство

Откако изутринава се појавија информации во медиумите и на социјалните мрежи дека пропусти при градбата може да се причина за пожарот во модуларната болница во Тетово, Министерството за здравство ја информира јавноста дека сите 19 модуларни ковид болници во државата, се типски објекти, градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди.

„Модуларните ковид центри, вклучувајќи ја и болницата во Тетово се отворени после технички прием.

При градбата на сите модуларни болници, вградените материјали се сертифицирани.

Министерството за здравство информира дека ковид центарот во Тетово е проектиран со три влеза, ходниците се широки 2,4 метри, а парапетите на прозорите се ниски во случај на евакуација. Во објектот не е користено дрво и запазени се сите други потребни елементи за заштита.

При пуштање во употреба, направен е уреден технички прием. При градбата има уредно документирани записници за незначителни технички забелешки – силиконирање лајсни на подот, нивелирање на сифон во тоалет, продолжување на дел од олуците и сл.

По овие барања, е постапено и истите се санирани пред пуштање во употреба и хоспитализација на пациенти. Овие документи ќе бидат доставени на увид на јавноста и медиумите уште денеска,“ велат од Министерство за здравство.

Во соопштението се додава дека ковид-центарот во Тетово ги поседува и сите потребни сертификати за заштита при несреќи.

„Апелираме да не се шпекулира со ваквите информации. Министерството за здравсто очекува експертите и истражните органи што побрзо да го истражат случајот за оваа страотна несреќа. Сите аспекти на случајот да бидат предмет на темелна и брза истрага и секако одговорност доколку истрагата го покаже тоа.

Самите модуларни ковид центри беа и се уште се клучни во справување со пандемијата и хоспитализацијата на пациенти. Истите се градени по највисоки стандарди, а набавката која Министерството за здравство ја правеше е согласно стандардите за ваквите болници кои се користат во многу земји во светот,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од пожарот во ковид-центарот во Тетово спасени 12 пациенти, нема настрадани здравствени лица

Бројката на починати во пожарот во ковид-центарот во Тетово се зголеми на 14, првично нема медицински персонал меѓу загинатите, велат од Обвинителство

Веста за пожарот во ковид-болницата во Тетово го обиколи светот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставниот суд ќе ја оценува одлуката за распуштање на Собранието

Редакција

Починаа петмина нови пациенти од корона вирусот, еден од нив дома

Редакција

АВМУ бара јавната пропаганда за референдумот да се одвои од другите содржини на медиумите

Редакција