еМагазин
Image default
Македонија

Децата кои немаат компјутери ќе бидат приутни физички на часовите

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и останатите деца, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН) и информира дека со Планот и Протоколите што се усвоени од Владата се предвидува успешно следење на наставата и за децата кои нема да бидат во можност да учат преку онлајн платформата.

-За таа цел, детето има можност наставата да ја следи со физичко присуство на часовите во самите училници, додека наставниците предаваат на другите деца преку онлајн платформата. Исто така, за децата, чии родители се изјасниле дека не сакаат да ги пуштаат во училиште со физичко присуство, а немаат уреди, во Планот е предвидена опција да добиваат печатени материјали.

Овие материјали ќе се доставуваат на родителите од страна на наставниците според сите мерки и протоколи за заштита од Ковид-19. За да може секое дете да има пристап до наставниот материјал, МОН е во преговори 15-минутни видеа со одреден час да се емитуваат на Националниот сервис на посебни канали кои се обезбедени, соопштија од МОН.

Наставниците ќе имаат обврска редовно да комуницираат со децата и нивните семејства и да следат колку напредуваат во учењето.

Приоритетната и најважната цел, велат од МОН, е да се обезбеди пристапност до наставата за секое девојче и момче во државата, без разлика каде живее.

-Нашата примарна цел е да создадеме образование достапно до секого и образовен процес којшто ќе ги постави темелите за развој на идни генерации кои ќе бидат движечката сила и умот на државата, се истакнува во соопштението на Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Единствената Национална платформа за учење од далечина ќе ја користат над 250.000 ученици и 25.000 наставници во јавните основни и средни училишта

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се поништуваат сите решенија за домашна изолација и државен карантин од 13 јуни

Редакција

Четири нови случаи на корона вирусот во Гостивар, два во Маврово и Ростуше

Редакција

Привремено по смената на Велковски, БЈБ ќе го води Бесим Деари

Редакција