На 13.03.2019 во 01.55 часот во полициска станица 13-годишно девојче од Скопје пријавило дека во повеќе наврати била физички, психички и сексуално злоставувано од нејзиниот татко Е.Ф.(50), информира МВР.
Е.Ф. е приведен и задржан во полициска станица. За настанот е известен Јавен обвинител и Центар за социјални работи и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Девојчето е згрижено и заштитено. Од страна на стручен тим укажана му е психосоцијална помош, што во континуитет ќе ја добива.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.