еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија ќе го зајакне својот воен потенцијал како одговор на членството на Финска во НАТО

Кабинетот на претседателот на Финска, Саули Ниинисто, лиферуваше соопштение во кое потврди дека Финска во и официјално ќе стане членка на НАТО алијансата, а во меѓувреме стасаа и првите реакции од Русија.

Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко најави дека земјата ќе го зајакне својот воен потенцијал како одговор на членството на Финска во НАТО.

„Русија ќе го јакне својот воен потенцијал во западните и северозападните правци како одговор на членството на Финска во НАТО. Некои од мерките се веќе објавени. Ќе го зајакнеме нашиот воен потенцијал во западните и северозападните правци.

Во случај на распоредување на силите и средствата на другите членки на НАТО на територијата на Финска, ќе преземеме дополнителни чекори за сигурно да ја обезбедиме воената безбедност на Русија“, рече Грушко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Финска утре ќе стане членка на НАТО, најави Столтенберг

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Назим Буши, заменик министерот во МВР, кој престојувал во хотел во Истанбул, каде ноќевање чини 20 илјади евра

Редакција

Италијански медиуми: Тројца македонски државјани загинаа во сообраќајна несреќа

Редакција

Саемот на книга започнува на 18. април: Над 60 издавачки куќи и повеќе од 30 промоции на книги на домашни и странски автори

Редакција