Тројца македонски и еден италијански државјани загинаа синоќа во сообраќајна несреќа во Ница, јави италијанскиот медиуми „Ла Воче ди Асти“.
Според медиумот, до несреќата дошло кога возилото во кое се наоѓале тројцата македонски државјани на возраст од околу 30 години, се судрило со автомобил со кој патувал 23-годишниот Италијанец од местото Асти во северозападна Италија.
Истрагата за причините за несреќата е во тек, а на местото на настанот увид извршиле припадници на сообраќајната полиција.
Извори од полицијата во Асти за медиумот изјавиле дека засега немаат детела за сообраќајната несреќа, но дека „со сигурност само знаат“ дека станува збор за фронтален судир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.