еМагазин
Image default
Македонија

МОСТ: Гласањето тече мирно, забележани две изолирани неправилности

Две изолирани неправилности се регистрирани во досегашното гласање за вториот круг од Претседателските избори од страна на набудувачите на граѓанската асоцијација МОСТ чии податоци покажуваат одѕив на гласачите од 21,3 проценти до 13 часот.

„На гласачко место (ГМ) 2248/1 во Штип, забележано е читање на глас на избирачите, а пред ГМ 0934 во Кратово забележано било присуство на неовластено лице, по што била повикана полиција која го отстранила лицето од пред гласачкото место“, информира  на прес-конференција Златко Димитријоски од МОСТ.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 11 часот е 11,2 проценти, до 12 часот е 16,2 проценти, а до 13 часот е 21,3 проценти.

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи гласањето со повеќе од 1.500 набљудувачи.  На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 33 отсто од вкупниот број гласачки места во Република Северна Македонија.

Набљудувачите на МОСТ се статични, и  според најавите ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има распоредено и 100 мобилни тимови, составени од по двајца набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи.

Дополнително, 80 набљудувачи ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Висока температура, најчест симптом кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција

Петков: Ја славиме годишнината од раѓањето на еден од најсветлите умови, бугарскиот револуционер Делчев

Редакција

Според првичните резултати неважечки 31.107 гласачки ливчиња на изборите

Редакција