еМагазин
Локално

Мотоциклист загина, а пешак е повреден во сообраќајка во Охрид

Мотоциклист загина, а пешак е тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера попладне во Охрид.

Како што соопшти МВР, вчера во 18,30 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата „Абаз Емин“ со улицата „Железничка“ мотоцикл „Јамаха“ со битолски регистерски таблици, управуван од С.И. (36) од Охрид, удрил во пешакот Р.С. (52) од Охрид, а потоа и во патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со охридски регистерски таблици, управуван од Ф.Б. (58) од Охрид.

– Во незгодата на самото место починал С.И., а со тешки телесни повреди се здобил пешакот Р.С. кој бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“-Охрид за укажување на лекарска помош, наведуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Го претепале пред угостителски објект во Куманово

Редакција

Инспектор фатен на дело: Земал поткуп од 600 евра

Редакција

(Видео+фото) Како изгледа: Почна со работа новото основно училиште „Киро Глигоров“ во Капиштец

Редакција