еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Можни нови построги мерки, ако на 16 март цените на тестенините и млечните производи не бидат намалени

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека компаниите нема да го чекаат 16 март, туку пред тоа, уште овие денови, ќе ги намалат цените на тестенините и млечните производи.

Тој денеска на прес-конференција во Владата беше дециден, дека на 16 март цените на тестенините и млечните производи мора да бидат намалени. Во спротивно, како што најави, ќе се донесат други одлуки кои, како што рече, може да бидат построги или полиберални.

-Отстапка од овие одлуки нема да има. На 16 март цените мора да бидат намалени. Но, нема да останеме само со овие одлуки. Следат нови, затоа сите да ги почитуваат постоечките. Може новите одлуки да се построги или полиберални, но заедничката цел треба да биде заштита на граѓаните, подвлече Бектеши.

Министерот изрази очекување производителите да се откажат од профитите.

-Одлуката беше дека 20 отсто може да си делат производителите и трговците на мало како профит и тоа се покажува во нивните тековни состојби. Ве повикувам да ги проверите тековните состојби од претходната година. Ќе видите дека ниту една компанија не е оштетена од Владата во однос на профитите. Простор за намалување на цените има и убеден сум дека сите ќе ја почтиваат одлуката, истакна Бектеши.

Негова оценка е дека млечната индустрија со ваквата одлука нема да претрпи никакви штети, особено не во снабдувањето на маркетите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти

МИА/фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сковин ја намали загубата

Редакција

„Орка Холдинг“ ја предлага Кристина Камчева Стојческа за член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

Владислав Хаџидинев избран за член на Управниот одбор на УНИ Банка

Редакција