еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР ќе го обезбедува одбележување на раѓањето на Гоце Делчев во Скопје

Владината делегација која ќе присуствува во црквата „Свети Спас“ во Скопје и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод денот на неговото раѓање, 4 февруари, ќе биде составена од премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, одлучи Владата на денешната седница.

„Во врска со одбележувањето на 4 февруари, Денот на раѓањето на Гоце Делчев, Министерството за внатрешни работи е задолжено да ги преземе сите мерки за обезбедување на реализацијата на настанот, согласно препораките од надлежните служби соопштени на вчерашната седница на Советот за безбедност,“ соопшти Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, лица од Бугарија ќе сакаат да ја дестабилизираат земјата, оцени Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Застојот во заедничката Комисија настана кога Бугарија ја усвои рамковната позиција, вели македонскиот копретседател Ѓоргиев

Редакција

Што објавија медиумите за наводите за криминал на Онкологија

Редакција

Вчера нови 50 ученици позитивни на Ковид-19, училиштата должни да спроведат онлајн настава за оние кои се во изолација, вели Царовска

Редакција