еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

МВР демантира дека имало киднапер кај средното музичко училиште во Скопје

МВР најостро ги демантира лажните вести кои денеска се проширија по социјалните мрежи во врска со наводен киднапер, кој наводно се движел околу средното музичко училиште во Скопје.

-Ниту има пријава за такво лице до полицијата ниту има пријава дека некое лице е киднапирано. И лицето кое ја пласираше оваа лажна вест,  ја повлече и јавно објави дека станува збор за лажна вест.

Пласирањето на ваквите лаги е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, а за жал зачестено се пласираат последниов период, потенцираат од МВР.

Оттаму нагласуваат дека лицето кое ја пласирало таа лага, ќе биде повикано во полициска станица и до надлежното обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок против него.

-Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вакви лаги. Исто така, им благодариме на медиумите кои не подлегнуваат на ваквите лажни вести и информациите ги проверуваат во надлежните институции, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицијата пронајде 1.000 монети со археолошка вредност кај поранешниот градоначалник на Кавадарци, тој вели ги собирал од дете

Редакција

Уставен ја отфрли иницијативата за бугарскиот клуб “Иван Михајлов”, оти тој веќе не постои

Редакција

Србија му укажа голема чест: Венко Андоновски е автор на „Големиот школски час“, манифестација посветена на стреланите 3.500 работници и ученици во Крагуевац

Редакција