еМагазин
Image default
Македонија

МВР му врачи отказ на советник на ексминистерот Чулев поради насилно однесување

Министерството за внатрешни работи денеска, по спроведената дисциплинска постапка од соодветната дисциплинска комисија, му го откажа договорот за вработување на З. Ѓ. на работното место државен советник за полициски и криминалистички работи во Кабинет на министер при Министерството за внатрешни работи, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека тој на оваа позиција бил поставен во периодот на техничката влада, кога на чело на МВР беше Наќе Чулев и дека отказот е поради насилно и недолично однесување на јавно место, со што го нарушил угледот на Министерството за внатрешни работи.

„Toj спротивно на правилата и прописите на Министерството се однесувал непрофесионално и неетички, односно на начин кој не доликува на еден полициски службеник.

Дисциплинската комисија утврдила дека на 15.07.2020 (ден кога се одржаа парламентарните избори) околу 15,30 часот во Тетово, државниот советник З. Ѓ. отишол на местото каде се вршел увид на сообраќајна незгода, каде што се наоѓале командирот З.Т. и уште двајца полициски службеници, и на дрзок начин со навреди и пцовки се нафрлил врз З.Т. и се обидел физички да го нападне.

Државниот советник насилнички се однесувал кон командирот З.Т.. и со таквото однесување го нарушил  угледот на командирот З.Т. и угледот на Министерството за внатрешни работи, постапувајќи спротивно на Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи помеѓу полициските службеници“, информира МВР.

Во врска со настанот било постапено од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, за што бил изготвен извештај од 20.07.2020, согласно кој е поднесена и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за ГОКК.

„Овој акт е уште еден показател на цврстата определба на МВР да има нулта толеранција за однесување спротивно на правилата и прописите на Министерството, а насилничкото однесување и предизвикување на неред да бидат најостро санкционирани.

Полицијата е чувар на јавниот ред и мир, па оттаму МВР нема да дозволи полициски службеник да биде иницијатор и главен актер во негово нарушување. Напротив, полициските службеници треба да бидат пример со своето однесување.

Заврши времето на неказнивост на луѓе на високи позиции само затоа што се дел од одредена политичка елита. Законите важат еднакво за сите граѓани“, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска нема да отвори постапка против Ковачевски за „Броило“

Редакција

Убава вест: Оздравени 1.194 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

Маричиќ не забранил невладините да користат „Македонија“, велат од Министерството за правда

Редакција