еМагазин
Image default
Локално

Приведен 39-годишен маж кој на дете му даде оружје и го објави на Tик-Ток

Тетовската полиција приведе 39 годишник од Боговиње во врска со случајот кога две лица на дете му помагаа да пука од оружје, а снимката беше објавена на социјалната мрежа Тик-Ток.

МВР преку Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност работеше за откривање на идентитетот на лицето.

-Како резултат на тоа, вчера  во 20.10 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле  од слобода А.Џ.(39) од с.Боговиње, поради основи на сомнение дека на социјалната мрежа Тик-Ток  објавил видео, на кое малолетно дете пука со пиштол, а му помагаат две лица.

Тој е приведен во Полициско одделение Камењане и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информираше Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Полицијата ќе поднесе соодветен поднесок за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Притоа, за настанот е информиран и Центарот за социјална работа кој презема соодветни мерки согласно нивната надлежност. МВР ќе продолжи и понатаму посветено да работи и да ја става безбедноста на граѓаните на прво место, информира порпаролот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Само во Македонија: На ТикТок се „фалат“ како учат мало дете да пука со пиштол

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓу невработените во тетовско 11 лекари и 252 медицински техничари

Редакција

Скопје доби уште една елка, иста по големина како „несреќната“

Редакција

(Видео) Откриена лабораторија за амфетамин во Скопје и запленета дрога вредна половина милион евра

Редакција