еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Грчки навивачи дивеаа во центарот на Скопје: Краделе по продавници, физички напаѓале минувачи

Денеска околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар-Скопје бил нарушен јавниот ред и мир од навивачи од навивачка група од Република Грција, соопштија од МВР.

„Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека дел од лицата од групата одзеле предмети од продажен објект и физички нападнале случајни минувачи.

Групата била обезбедена и по целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци,“ се вели во соопштението.

Станува збор за навивачи на грчката Паок, кои нападнале и момче кое носело дрес на ФК Вардар.

Полицијата спречила и поголем иницидент со навивачката група Комити.

Навивачите пристигнале во Скопје за да го следат дуелот помеѓу ракометните клубови Паок и Металург.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена физички нападнала тетовка на улица пред нејзините деца

Редакција

„Не бегам, зошто да бегам“, рече Мијалков по излегување од затворот во Шуто Оризари

Редакција

Ќе падне ли Владата на колена пред банките и богатите за оданочувањето на капиталните добивки и депозитите?

Редакција