еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

МВР со детали за камионот кој излета од автопатот Гостивар-Тетово

Државјанин на Црна Гора е повредениот возач кој излета од автопатот Гостивар-Тетово, ја скрши заштитната ограда и заврши во дворот на тетовската сообраќајна полиција, информира СВР Тетово по увидот. Утврден е и идентитетот на возачот кој поради повредите е хоспитализиран во Клиничка болница Тетово.

– Црногорскиот државјанин Љ.Д.(35), управувајќи товарно моторно возило „волво“ со приколка со црногорски регистарски ознаки, сопственост на ЈП „Подгорица“, на автопатот Скопје – Тетово, изгубил контрола по што удрил во банкината од автопатот.

По несреќата, возачот е пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид врши екипа на СВР Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

За да биде извлечен од кабината на камионот интервенираше и тетовската пожарна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Камион излета од автопатот Тетово-Гостивар и заврши во дворот на полициската станица, возачот повреден

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за градоначалникот Пецаков, не се самоизолирал по тестирање за Ковид-19

Редакција

На 91-годишна возраст почина Михаил Горбачов

Редакција

МАНУ си го смисли новото име

Редакција