еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МВР со детали за свадбените пукотници во кои беа повредени синот на пратеникот Џеват Адеми и уште едно лице

На 30.7.2019 околу 22 часот, на свадбена свеченост организирана во дворот од куќата на 47-годишниот Б.Д, на улица „172“ во тетовска Мала Речица, од испукани куршуми од огнено оружје повреди здобиле 27-годишниот А.Б. од Мала Речица и 26-годишниот Ф.А. од Голема Речица, информира МВР.

Двајцата се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.

„Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Медиумите на албански јазик уште синоќа пренесоа вест дека еден од повредените е Фисник Адеми, син на пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми. Од семејството Адеми ја потврдија веста на „Лајм“ дека синот е ранет од огнено оружје, но демантираа дека Адеми пукал на свадбата.

„Станува збор за заталкан куршум од свадбена веселба“, велат за Лајм од семејството на Адеми и додаваат дека двете повредени лица се во добра и стабилна состојба.

Едното лице е сместено во тетовската болница, додека другото е пренесено на Скопските клиники.

Фото: Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кина ја „искара„ СЗО по забелешки за тоа како се справува со пандемијата со Ковид-19

Редакција

Денеска сончево и многу топло време: Температура до 38 степени

Редакција

Поради отсуство на Шабани, „Тендери“ на СЈО одложено за 9 ноември

Редакција