еМагазин
Image default
Македонија

Две нови комисии за туѓа нега за прв пат формирани за Прилеп, Гевгелија и oколните општини

Министерството за здравство информира дека за прв пат формирани се две нови Комисии за туѓа нега (Комисија за издавање на конзилијарно мислење за корисниците на правото за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост), за граѓаните на Прилеп и Гевгелија и регионот.

„Покрај постоечките комисии, во државта, новоформираните ќе одговорат на потребите на пациентите од овие два града, како и околните општини.

Комиисјата за издавање конзилијарно мислење и наод, освен во Прилеп, ќе ги покрива и општините Крушево, Македонски Брод, Долнени и Кривогаштани, Комисјата во Гевгелија освен оваа општина ќе ги опфати и општините Богданци, Валандово и Дојран.

Со формирањето на двете нови Комисии за овие места ќе се намали периодот на чекање на граѓаните кои треба да го остварат правото на надоместок за помош и нега од друго лице.

Сега граѓаните нема да треба да патуваат и нема да се изложуваат на дополнителни трошоци за одење во друго место, далеку од градот во кој живеат,“ се вели во соопштението.

Изминатиов период Министерството за здравство ги зголеми термините за разгледување на медицинската документација за секоја од стручните комисии од 200 на 280 барања месечно.

Со новите Комисии и зголемување на термините ќе бидат задоволени потребите и навреме ќе бидат разгледани сите поднесени барања на граѓаните, велат од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Операторите го одложија најавениот прекин на реемитување на домашни и странски телевизиски канали

Редакција

Идентитетот на гласачот задолжително ќе се проверува со отпечаток од прст: Како ќе изгледа тоа?

Редакција

Јанева на судењето за “Рекет“: Камчев како да знаеше за ПИ мерките за „Империја“

Редакција