еМагазин
Image default
Да помогнеме

Да му помогнеме на малиот Тео да почне да голта и да се храни самостојно, бидејќи хранењето му е преку сонда

Тео од самото раѓање остана без кислород и секој нов ден беше нова борба за него.

„Има 2,5 години и се соочува со најголемата битка, а тоа е да почне да голта и да се храни самостојно, бидејќи хранењето му е преку сонда. Поради стручноста и искуствата, лекувањето ќе се изврши во Турција каде што добивме позитивни одговори за здравјето на Тео.

Средствата за третмани, физикална терапија и рехабилитација се превисоки и ние како родители не можеме да ги обезбедиме без ваша помош. Лечењето вклучува третмани и вежби за голтање, прегледи, престој во болница, физикална терапија и вежби со роботика каде што ќе има подобрување на состојбата. Потребни сте му на Тео,“ се вели во апелот.

За жал, сумата која до сега е собрана е доволна само за едномесечна терапија за Тео. Планирано е целиот процес да трае 4 месеци.

Можете да помогнете преку gofund.me, директно на сметка, или на телефонските броеви Телеком, 143-134, 143-471, А1.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СОС Детско село со нова кампања „СОС Суперхерои“

Редакција

Семејството Белогазовски од Делчево бара парична помош за операција на 17 – годишниот син

Редакција

Се собираат средства за лекување на младиот Амир Зулбехари од Тетово

Редакција