еМагазин
Image default
Македонија

МЗ: Тестовите во „Систина“ се поразлични, позитивните задолжително да се тестираат во ИЈЗ

Тестовите кои ги користи приватната клиника Систина се различен тип од тестовите на сите останати институции, информираат од Министерство за здравство.

„Имено, тие тестови го детектираат присуството на анти тела на вирусот Ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус. За позитивни се сметаат оние пациенти кои се позитивни на вирусот и исклучиво тие се водат и внесуваат во дневната статистика.

Сите пациенти кои се детектираат како позитивни на тестовите на анти тела кои ги прави Систина, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството,“ се вели во соопштението.

Соопштението од Министерство следува откако одредени медиуми известија за позитивни случаи од „Аџибадем Систина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, д-р Таше Трпчевски повика на помасовно тестирање за коронавирусот

51 од случаите со коронавирус се импортирани од надвор, 229 лица имале контакт со веќе потврден случај

Бројот на заболени здравствени лица со коронавирусот во Македонија порасна на 38

На располагање 1.000 болнички кревети за пациенти болни од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски и Заев не чувствуваат одговорност за блокадата од Бугарија

Редакција

(Видео) Ковачевски во Минхен се сретна и со Петков

Редакција

Едно лице се тестира на корона вирус, тројца од заболените имаат отежнато дишење

Редакција