еМагазин
Image default
Бизнис

МЗТ Пумпи во првите шест месеци од годината со добивка

МЗТ Пумпи АД Скопје во периодот јануари –  јуни од 2020 година оствари оперативни приходи во износ од 56,264 илјади денари, што е намалување за 27% во однос на истиот пресметковен период од минатата година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

“Во структурата на оперативните приходи, приходите од продажба на домашен пазар бележат намалување од 25% во споредба со истиот период од минатата година, а приходите од продажба на странскиот пазар исто бележат намалување од 30% во споредба со истиот период од минатата.

Останатите оперативни приходи исто бележат намалување во споредба со истиот период од минатата година.

Вкупните оперативни расходи во 2020 година изнесуваат 59,620 илјади денари кои бележат намалување за 24% во однос на истиот период од минатата година“, велат од компанијата.

Промената на вредноста на залихите во пресметковен период од деловната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на пресметковниот период, генерира расходна ставка во износ од 2,794 илјади денари и Друштвото оствари оперативна загуба на износ од 562 илјади денари, велат од компанијата.

“Остварената оперативна загуба во пресметковниот период од деловната година е неспоредлив во однос на истиот пресметковен период на минатата година за кој период е искажана оперативна загуба.

Финансиските приходи во пресметковниот период од деловната година 2020 година се помали од финансиските приходи во пресметковниот период на минатата година со неспоредлив износ.

Финансиските расходи во пресметковниот период од деловната година се помали од финансиските приходи од деловната година во износ од 797 илјади денари, што од своја страна го зголемува нето финансискиот ефект од работењето на Друштвото, и друштвото оствари добивка од редовно работење на износ од 235 илјади денари“, велат од компанијата.

МЗТ Пумпи АД Скопје за периодот  јануари – јуни 2020 година оствари позитивен финансиски резултат, нето добивка по оданочување во износ од 216 илјади денари, велат од компанијата.

Вкупните обврски по кредити на 30.06.2020 година изнесуваат 86,395 илјади денари и во спредба со истиот период од минатата година бележат намалувањет од 11,62%.

“Поради новонастаната ситуација што ја зафати нашата држава со COVID 19, имаше влијание и во работењето на нашето Друштво.

Во наредниот период се превземат активности во насока на постигнување на поголема оперативна активност при што се бара да се изнајдат решенија за излез од кризата со склучување на нови договори за зголемување на планираната реализација и да ја одржи пазарната позиција со производи на високо и квалитетно ниво со цел да ги исполни планираните активности за 2020 година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МЗТ Пумпи оствари добивка од 910.000 денари

МЗТ Пумпи оствари добивка од 1,4 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во интерес на здравјето на граѓаните, СКМ бара стриктна примена на законите за употреба на дезинфициенси на пазарот

Редакција

МВР без тендер ќе набави огревни дрва од Македонски шуми за седум милиони денари

Редакција

Во февруари зголемен бројот на туристи

Редакција