еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На 17-годишно момче, десната подлактица со тумор заменета со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ беше оперирано 17 годишно момче со тумор на десната подлактица.

„Тимот хирурзи под раководство на проф. д-р Милан Самарџиски го отстрани во целост туморот од долниот крај на радиусот и го замени со коска од починат донор.

Ова е прва операција од ваков тип на Клиниката за ортопедија и во земјава.

Со вклучување на Клиниката за ортопедски болести во Програмата за трансплантација на органи и ткива, се отворија нови можности за третман на пациенти со трауматски повреди, тумори и други дијагнози кои овозможуваат преку оперативен третман заболеното и оштетено коскено ткиво да се замени со ткиво од починат донор и со тоа да се спаси животот на голем број пациенти,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Угостителски услуги во септември поскапи за 6,2%

Редакција

Каков имот пријавил бившиот пратеник Томислав Тунтев, сега нов директор на АЦВ

Редакција

Сите производствени капацитети на државата ќе бидат подготвени од 1 декември да произведуваат струја, уверува Бектеши

Редакција