еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На 45-годишна возраст почина Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија

Почина Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), информираа од таму.

Имаше 45 години, а починал по кратко боледување.

-Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија.

Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство.

Погребот ќе биде на 12 јуни 2023 година, во 13 часот, а пријателите, соработниците, работниците, граѓаните ќе можат да се простат и да изразат сочуство од 12 часот во капела на градските гробишта Бутел, велат од ССМ.

Фото: ССМ/Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 8 случаи на Ковид-19 од 3.068 тестирања

Редакција

„Ова е тоа за леб немаме, чоколадо јадеме“: Надоместоците на обвинителите на СЈО хит на Твитер

Редакција

„Илинден“ го доби тендерот на општина Струга за изградба на улици и патишта вреден 406.000 евра

Редакција