На 61-годишна возраст почина Ендрју Флечер, легендарниот клавијатурист на Depeche Mode. Информацијата на социјалните мрежи, ја соопшти неговот бенд.
„Шокирани сме и преплавени со тага поради прераната смрт на нашиот драг пријател, член на семејството и колега од бендот Енди Флеч Флечер“, стои во соопштението.
„Флеч навистина имаше златно срце и секогаш беше тука кога имавте потребна од поддршка, жив разговор, добра смеа, или ладно пиво. Нашите срца се со неговото семејство. Ве молиме да го сочувате во вашите мисли и да ја почитувате семејната приватност во овој тежок период“.
Флечер го основа бендот Depeche Mode заедно со клавијатуристот Винс Кларк. На почетокот свиреше на бас, а набрзо се префрли на клавијатури и синтисајзери.
Флечер имаше и соло кариера како диџеј.
Беше во брак со Граин Мулан. Зад себе ги остави двете деца, Меган и Џо.
Фото: Фејсбук/„Depeche Mode“