еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На „Бехтел и Енка“ досега исплатени околу 167 милиони евра, на терен се уште во фаза на геомеханичките испитувања

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Ејуп Рустеми денеска информира дека на „Бехтел и Енка“ досега и се исплатени околу 167 милиони евра.

Според Рустеми, моментно се вршат геомеханичките испитувања, а за проектирање на трасите ќе бидат ангажирани сите расположливи капацитети во државата.

Се подготвуваат, нагласи, и елаборатите за експропријација.

-Продолжуваме со плаќањето кон „Бехтел и Енка“, според Договорот што го имаме потпишано и според финансиската програма одобрена од Владата. Досега се исплатени околу 167 милиони евра за мобилизација и авансно плаќање за коридорот 8 и корисорот 10д.

Моментно се вршат геомеханичките испитувања на делниците Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Кичево. Се подготвуваат и елаборатите за експропријација.

Денеска или утре ќе бидат одобрени и сите проектантни за проектирање на сите траси и патните коридори.

Сакам да ја информирам јавноста дека сите капацитети во државата кои проектираат ќе бидат ангажирани. Ќе продолжиме најверојатно следната недела да доставиме барање до Министерството за танспорт за патните коридори. По добиеното одобрување ќе почнеме и со експропријацијата, а потоа и со градежните работи, истакна Рустеми.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОН го осуди насилното задушување на протестите во Иран и формира мисија за истрага

Редакција

Министерството за култура вработува, плата до 31.305 денари

Редакција

Запознајте ги новите антикорупционери: Баџанакот на Џафери, Нури Бајрами бил печалбар и новинар

Редакција