еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На „Бехтел и Енка“ му е исплатен аванс за подготвителните работи за коридорите 8 и 10д

Премиерот Димитар Ковечевски денеска соопшти дека на конзорциумот „Бехтел и Енка“ пред извесен период му е исплатен аванс за подготвителните работи околу коридорите 8 и 10д, но точната сума, како што рече, може да се побара во Јавнто претпријатие за државни патишта.

Одговорајќи на новинарски прашања, Ковачевски потврди и дека е почната работата на коридорите, односно дека се во тек геомеханичките истражувања.

– За коридорите, да, почната е работата. Тој договор е веќе потпишан и според него, прво почнуваат геомеханички истражувања кои се веќе почнати, почнува фаза на проектирање зашто се работи за проектирање и изградба.

Тие веќе работат согласно процедурите и имаат договор што е валиден, исплатен е аванс, точната сума може да ви ја дадат во ЈП за државни патишта, кој е пефрлен на „Бехтел и Енка“ и тоа е направено пред извесен период, согласно извршувањето на подготвителните работи за почеток на изградба на проектот, зашто има проектрирање, геомеханички истражувања и потоа изведба на проектот, рече Ковачевски по настанот на кој се одбележа јубилејот 70 години од основањето на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков” и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Артан Груби доби помошници за изградбата на коридорите, ќе земаат плати до 70 илјади денари

Со геомеханички испитувања на почвата за изградба на автопатот Тетово-Гостивар стартуваше изградбата на коридорот 8

МИА/Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев во вторник ќе поднесе оставка во СДСМ

Редакција

Нема „корона криза“ за акциите на Комерцијална банка: Промет од 30 милиони евра за осум месеци

Редакција

Поразителни резултати: Странските директни инвестиции едвај 55,6 милиони евра

Редакција