еМагазин
Image default
Македонија

На боиштата за Исламската држава досега во изминатите години загинале 35 македонски државјани, а се уште активни 15 лица. 

Безбедносната состојба во Македонија е мирна и нема терористички закани, иако секогаш постои опасност од тероризам. По притворањето на седуммината странски борци на Исламска држава (ИД) по потекло од нашата земја, според извори на безбедносните служби, соостојбата кај нас е под контрола.

Се очекува во следниот период да бидат приведени и останатите терористи од Македонија кои се бореле на боиштата во Сирија и Ирак, а се претпоставува дека станува збор за бројка меѓу 15 и 20 лица. За петтмина од нив и Интерпол има потерница.

Намалувањето на бројот на македонски државјани, кои заминуваат  за ИД, од 2014 година е континуирано, кога беше донесен Кривичниот закон за учество во странски војски и тероризам.

Безбедносни извори наведуваат дека вкупениот број лица од нашата земја кои се појавиле на боиштата во Сирија како активни борци, повратници, загинати, жени или само како обиди за заминување, изнесува 156. Повратници се 83, а од нив на слобода се 57 лица. Во затвор во Турција има три лица, а во македонските затвори 23 по кои имаше потерници во акциите „Ќелија 1“, „Ќелија 2“ и од пред два дена седуммината депортирани.

На боиштата за Исламската држава досега во изминатите неколку години загинале 35 македонски државјани, а се уште активни 15 лица.

Како успех и како неопходна акција се оценува и апсењето на седуммината терористи, кои, според безбедносните служби, повеќе години биле барани по потерници и процесуирани во Македонија. Целиот процес на апсење на седуммината терористи и нивно преземење во нашата земја, пак, бил заеднички изведен со Глобалната антитерористичка коалиција.

Терористите, кои по потекло се од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар, во вторникот биле донесени со воен авион и упасени на самиот скопски аеродром. Полициски извори тврдат дека уапсените дури биле и среќни што со лисици на рацете се вратени во матичната земја, со оглед на тоа што повеќето приведени во Сирија и Ирак биле ликвидирани. Сите уапсени ќе одговараат по член 322а, а еден од нив и по член 394а од Кривичниот закон.

Седуммината биле ученици на оџата Реџеп Мемиши од џамијата Тутунсуз во Скопје.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

44-годишен кавадарчанец починал дома, посмртно бил земен брис и бил позитивен на корона вирусот

Редакција

Детален преглед: Кој и за што ќе го советува премиерот Ковачевски

Редакција

Ковачевски: Клубот во Благоевград е финансиран од приватни лица, на кој начин е регистриран треба да проверат бугарските институции

Редакција