еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Бугарија не и се бендиса казната за Ламбе Алабаковски

На редовниот брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи, министерот Николај Милков коментираше дека оваа недела имало два настана со Македонија – од кои едниот е фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на двете земји, истакнувајќи дека не сака да го распалува жарот на таа тема.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Милков, темата треба да се затвори.

Вториот настан, како што посочи бугарскиот министер за надворешни работи, е условната казна на Ламбе Алабаковски, кој го запали влезот на центарот „Ванчо Михајлов” во Битола.

Николај Милков на брифингот рече дека овие два настана откриваат структурен проблем за правата на Бугарите во Македонија.

Според него, казната на Алабаковски е најлесната можна и додаде дека според законот на Македонија, за ова дело се изрекуваат од 6 месеци до 5 години. Додаде дека се очекувало релативно посериозна казна, но тоа е одлука на независниот суд на Македонија.

Двете дела извршени во текот на неделата, смета Милков, се дела на омраза, тие испраќаат порака и до народот на Македонија и до Бугарија и таа не е позитивна.

Тој рече дека треба да се обрне внимание на тоа дека јазикот што бил користен на натпреварот, е јазик што го користеле политичарите. Ова, спроед него, е слика на обиди за еродирање на досега постигнатите договори и им покажува на граѓаните на Македонија каде стои земјата во однос на преговарачкиот процес со ЕУ.

– Обидите за слободно толкување на францускиот предлог и создадената атмосфера во РС Македонија не го фаворизираат процесот. Има долг пат да се изоди, коментираше министерот за надворешни работи на Бугарија.

Милков додаде дека не би сакал да навлезе во речникот на фудбалски агитации, нагласувајќи дека сè уште гледа позитивно и оти тоа се декларации наменети за внатрешна употреба во Македонија. Тие, според него, на никаков начин не го менуваат она што претставува обврска на Македонија, како и во однос билатералниот договор, така и во спроведувањето на предлогот на француското претседателство со ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ламбе Алабаковски доби условна казна затвор од шест месеци за потпалување на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола

МИА/Фото: Алабаковски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре му почнува мандатот: ДИК и официјално му го врачи уверението на Пендаровски

Редакција

Кои се судиите кои ја пуштија Јанева во домашен притвор

Редакција

Фон дер Лајен за уставните измени доаѓа во Македонија, за Макрон не се знае, ама имал желба

Редакција