еМагазин
Image default
Македонија

Софија нема да направи отстапки кон Скопје поради надворешниот притисок, вели бугарскиот копретседавач на заедничката Комисија

Американската дипломатија и бугарските партнери во ЕУ манифестираат двојни стандарди кон Бугарија, но таа нема да го смени својот став во билатералните односи и не може да се очекува дека Софија ќе направи отстапки под надворешен притисок, изјави копретседавачот на бугарскиот дел од Мешовитата комисија за историски и образовни прашања и поранешен амбасадор на Бугарија во земјава, Ангел Димитров.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, гостувајќи во надворешно-политичката емисија „Сабота 150“ на Бугарското национално радио, Димитров излезе со тврдење дека САД „најверојатно водат разговори со Република Северна Македонија околу нејзината позиција, но тоа јавно не се соопштува“.

Тој изрази резерви кон изјавата на премиерот Зоран Заев дека по изборите во Бугарија ќе се зголемат шансите за надминување на бугарското вето за старт на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, нагласувајќи дека позициите изразени во документите усвоени во парламентите на двете земји оневозможуваат постигнување сериозен политички компромис меѓу Скопје и Софија.

Димитров изјави и дека не е оптимист за успех на претстојниот состанок на Мешовитата бугарско-македонска историска комисија, обвинувајќи ги неговите македонски колеги дека досега биле „чувари на историските митови“, а сега станале „идеолози на недоразбирањата и антибугарски ставови и однесувања, кои се крајно неприфатливи за Софија“.

Во врска со обвинувањата од Софија за наводно уништени бугарски воени гробишта крај Кавадарци, Димитров изјави дека треба да се провери дали во тој реон има воена болница, бидејќи „воени гробишта вообичаено се правеле на такви места“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарското Министерство за одбрана во воените архиви ќе бара дали имало гробница на бугарски војници кај Кавадарци

МНР ги отфрли тврдењата за наводно оштетување на спомен обележје на бугарски војници кај Кавадарци

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за екс градоначалникот на Неготино, го оштетил буџетот за над 7 милиони денари

Редакција

И детската болница во Козле ќе прима Ковид-19 позитивни пациенти

Редакција

(ВИДЕО) Причинета голема материјална штета при излизгувањето на вагоните од товарниот воз кај Куманово

Редакција