еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

На дното: Пет најниски плати во Македонија

Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, која што во април 2020 година, изнесувала 25.830 денари.

Во Македонија има дејности каде просечната плата е за речиси два пати помала отколку државниот просек.

На листата со најниски просечните плати се вработените во секторот производство на кожа и слични производи од кожа со просечна плата во април од 13.729 денари.

На второто место се вработените во дејностите за подготовка на оброци и служење на храна со просечна плата од 14.471 денари, а на третото место туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив со плата од 15.102 денари.

Потоа следуваат дејностите производство на мебел (15.617 денари) и преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал (16.241 денар).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната нето плата во април 25.830 денари

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 62.818 денари убедливо на врвот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студентите ја обожаваат: Која е Гордана Силјановска-Давкова, можен кандидат за претседател на државата

Редакција

Денеска протест за неприфаќање на „францускиот предлог“

Редакција

Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ

Редакција