еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Најдобрата македонска судиска двојка Начевски – Николов меѓу осомничените од Спортрадар за местење натпревари

На четвртиот ден од Свесткото првенство 2023, ракометната јавност ја тресе голем скандал. Како што објави компанијата „Спортрадар“, а потоа и данската телевизија „Спорт ТВ“, судии местеле натпревари, а помеѓу нив се и најдобрите македонски арбтри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Се работи за триесетина натпревари од 2016 во 2018 година, од Лигата на шампионите и од регионалната СЕХА-лига.

Македонската судиска двојка се сомничи за учество во лажирање резултат на натпреварот Кјелце од Полска со Веспрем од Унгарија на 15 октомври 2017 година во ЛШ. Натпреварот заврши без победник 32:32.

Исто така Начевски – Николов се посочени за учество во местење резултат за средбата од СЕХА меѓу Горење Велење (Совенија) – Целје Пивоварна (Словенија) 25:28 (полувреме 12:12) на 30 август 2017 година.

Помеѓу сомнителните натпревари е и гостувањето на Вардар кај Веспрем на 6 декември 2016 година (28:28, полувреме 12:12).

„Спортрадар“ е компанија која анализира спортски податоци во обложувалниците, спортски федерации и медиумските компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нашите и полициските истраги не најдоа докази за местење натпревари од страна на судиите, велат од Европската ракометна федерација

МИА/Фото: Фејсбук/Славе Николов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дајте и на мафијата да си одбери и обвинител и судии… па гревота се дечките„: Твитер реакции за Катица Јанева, „новото СЈО“, „Рекет“

Редакција

„Не постои ни еден документ дека Гоце Делчев се залагал за обединување на Македонија кон Бугарија„: Реакција на Здружението на историчари на Македонија

Редакција

Не ни требаат донатори за загадувањето, туку политичка лоботомија и нови приоритети

Редакција