еМагазин
Image default
Техно

Најдобри летни јадења: лесни и малку солени јадења

Доколку во текот на претходните месеци се навикнавте на поздрав режим на исхрана, еве неколку совети како да продолжите тоа да го практикувате и во текот на најтоплиот период од годината.

Во лето, треба да јадете лесна и помалку солена храна, со оглед на тоа дека во овој период губиме повеќе течности отколку во другите годишни времиња. Покрај тоа, на телото тогаш му треба храна што полесно се вари, па затоа ја препорачуваме онаа со многу минерали и скроб.

– Малку по малку, во медиумите и на социјалните мрежи се шири вест дека доручекот сепак не е „најважен оброк“. Меѓутоа, факт е дека тоа ќе влијае на исхраната во текот на целиот ден, затоа што ќе утврди колку ќе бидат обилни ручекот и вечерата. Советот е во текот на летниот период да ја избегнувате тешката храна за доручек, како кајмак, јајца и салнина и да ја замените со свеж зелечук и лесни и ладни сендвичи.

– Кога станува збор за ручек, по овој оброк најчесто се враќаме на седење, што значи дека не сме активни и не трошиме калории. За да имате поголема контрола врз количината, калориите и состојките, ви препорачуваме сами да го зготвите ручекот и да го земете на работа. Samsung Dual Flex рерната може да ви помогне да бидете максимално ефикасни во тоа, со оглед на тоа дека овозможува подготовка на повеќе оброци истовремено, благодарејќи на двојните врати и одвоените зони со различни програми и температури. Освен тоа, рерната по употребата сама се чисти, користејќи пиролитички систем за чистење што ги загрева вдлабнатините и ги согорува сите останати маснотии и остатоци од готвење.

– Добрите летни ноќи одат добро со добра и вкусна вечера, бидејќи најчесто одиме во кревет подоцна и со тоа имаме повеќе време да согоруваме вишок калории. Значи, од време на време можеме да се почастиме со нешто обилно за вечера, имајќи во предвид дека лесната храна и тогаш е најдобриот избор. Оброк салата, паста или чинија со тиквица или модар патлиџан со туна и домати, би било вистинско доживување.

– За десерт, наместо торта или колач, земете овошје. Ова совршено ќе ве освежи, а ќе биде спремно за неколку секунди. Потребно е само да го исчистите и добро да го измиете овошјето!

– Отфрлањето на газираните пијалоци исто така е пожелно и се препорачува замена со обична вода. Ако сепак сакате да се почастите со вкусен пијалок, можете да изберете лимонада или леден чај, кои имаат малку кофеин и шеќери. Покрај тоа, течности во организмот можете да внесете и со јадење на парче свежа краставица или домати.

Многу го сакаме летото заради моментите што ги поминуваме на отворено. За да уживаме во топлото и убаво време максимално, потрудете се да јадете на отворено што е можно повеќе – во дворот, на клупа или на тераса. Верувајте, ќе уживате!

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поддршка за дигитална трансформација на претпријатијата: Samsung Galaxy паметните телефони и таблети се дел од Android Enterprise Recommended програмата

Редакција

Што Македонците најмногу купувале онлајн?

Редакција

Наместо со паметни телефони, ќе комуницираме со помош на очила

Редакција