еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија низ Македонија се лекуваат 831 пациент, од МЗ тврдат дека има слободни кревети

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 689 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнително 142 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19 кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 831, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Во болниците во внатрешноста има околу 70 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 73 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 110, во ковид-центарот во Гостивар 48, а во Струга 30 болни.

Во болницата во Струмица лежат 84 пациенти, во Кочани 31, во Кичево 19, Кавадарци 40, а во Гевгелија 10 лица позитивни на коронавирусот.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.271 и има колку 90 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерката Петровска ќе го тужи пратеникот Ковачки за навреда и клевета

Редакција

(Видео) Евидентирале дека турски државјани влегле во Македонија, а ги немало на Блаце, кривична за двајца полицајци

Редакција

Македонија прогласи уште шест руски дипломати за персона нон грата

Редакција