еМагазин
Image default
Македонија

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 1.013 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.013 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 124 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 90 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 101 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 132 во ковид центарот во Гостивар 37, а во Струга 22 болен.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 26 во Кичево 40, Кавадарци 67, а во Гевгелија 22 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.699 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) САД го стави градоначалник Мерко и неговата фамилија на црната листа

Редакција

Опозицијата побарала дополнително време да ги разгледа измените на Законот за заштита од заразни болести

Редакција

Пратениците од утре на работа

Редакција