Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 330 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот, информираат од Министерство за здравствио.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 26 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 47 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп 34 во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 23 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 610 и има околу 603 празни болнички кревети во ковид центрите.
Фото: МЗ