Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 354 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 21 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 52 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 34, во ковид центарот во Гостивар 6, а во Струга 18 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани 3 во Кичево 8, Кавадарци 44, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 616 и има околу 418 празни болнички кревети во ковид центрите.
Фото: МЗ