еМагазин
Image default
Свет

Пресуда: „Ситибанк“ не може да врати 500 милиони долари што ги префрли по грешка

Откако направи една од „најголемите грешки во историјата на банките“, на „Ситибанк“ нема да и биде дозволено да си врати речиси половина милијарда долари случајно префрлени на позајмувачи на „Ревлон“, пресуди судија на американски окружен суд, јави Си-Ен-Ен.

„Ситибанк“, што дејствуваше како агент за кредити на „Ревлон“, планираше да исплати околу 8 милиони американски долари камата до доверителите на компанијата за козметика. Наместо тоа, „Ситибанк“ случајно ја зголеми таа сума речиси 100 пати, додавајќи 175 милиони долари на хеџ фондот. Се на се, Сити случајно испрати 900 милиони долари на кредиторите на „Ревлон“.

Во август, „Ситибанк“ поднесе тужба со која бара поврат, но сè уште нема добиено 500 милиони долари од 10 консултантски фирми за инвестиции по погрешниот трансфер.

Законот обично ги казнува оние што трошат пари случајно депонирани на нивните сметки. Случајните трансфери се вообичаени во дигиталната ера, но законите во Њујорк имаат исклучоци од ова правило, познато како „заштита на ослободување од одговорност“.

„Ако корисникот има право на пари и не знаел дека се случајно префрлени, тој може да ги задржи. Заемодавачите на „Ревлон“ рекоа дека веруваат оти „Ситибанк“ предвремено префрлила пари за заемите.

Во крајна сметка, парите случајно префлени се точната сума „до денар“ што им ја должеше Ситибанк, иако заемот не беше предвиден да доспее подолго време“, информира Си-Ен-Ен.

Кредиторите не можат да ги земат парите и да се заштитат – бидејќи е можна жалба.

Ние не се согласуваме со оваа одлука и имаме намера да поднесеме жалба. Веруваме дека имаме право на средствата и ќе продолжиме да бараме целосно да ни се вратат, се вели во изјавата на Ситигруп.

МИА/Фото: Photo by Lena Balk on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија ги отфрла обвинувањата за убиство на цивили во Буча, фотографиите и видеата биле „лажни“

Редакција

„Или дејствувајте итно, или распуштете се“, порача Зеленски пред Советот за безбедност на ОН

Редакција

Заобиколувањето на санкциите против Русија ќе биде кривично дело во ЕУ

Редакција