Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 567 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
„Во извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 41 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациент.
На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 38 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 19, а во Струга 17 болни.
Во болницата во Струмица хоспитализирани се 34 пациенти, во Кочани 9 во Кичево 11, Кавадарци 69, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.
Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштениети.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 917 и има околу 290 празни болнички кревети во ковид центрите.
Фото: МЗ