еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Меѓународен сојуз“ продолжува на 18 март, ќе сведочат Јордан Камчев и Агапи Дика

Следното рочиште за судскиот предмет „Меѓународен сојуз“ е закажено за 18 март.

Судијката Софче Ефремова, најави дека на ова рочиште е предвидено да сведочат лицата Јордан Камчев и Агапи Дика.

Воедно таа посочи дека судот е известен дека барањето на обвинетиот Бојан Јовановски, за иземање на обвинителката Вилма Рускоска, е одбиено како неосновано.

Освен Јовановски, во овој случај обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на прво обвинетиот и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“.

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заврши презентацијата на материјални докази од страна на Обвинителстовото во случајот „Меѓународен сојуз“

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пукано во градоначалникот на Арачиново, рането едно лице

Редакција

Управниот суд ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни изборите

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19

Редакција