еМагазин
Image default
Македонија

Заврши презентацијата на материјални докази од страна на Обвинителстовото во случајот „Меѓународен сојуз“

Со презентација на материјални докази денеска во Кривичниот суд Скопје, продолжи судењето за случајот „Меѓународен сојуз“.

Обвинителката Ивана Трајковска, објасни дека со изведување на овие докази заврши постапката на презентација на материјални докази од страна на Обвинителството.

Обвинетиот Бојан Јовановски, во однос изведените материјални докази (133 вкупно), рече дека станува збор за докази кои никако не можат да го оправдаат обвинителниот акт, ниту пак обвиненијата за перење пари, односно за незаконско држење оружје.

За случајот со невладината организација „Меѓународниот сојуз“, основана од Бојан Јовановски преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на прво обвинетиот и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за кривично дело „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“. За исто кривично дело „помагање во измамата и перење пари“, е обвинета и Јасна Мандиќ, односно обвинетиот Миле Јовановски е обвинет за кривичното дело „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“.

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судењето за „Меѓународен сојуз“ продолжува на 18 март, ќе сведочат Јордан Камчев и Агапи Дика

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се води истрага за екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев

Редакција

302 нови случаи на Ковид-19 од 2.182 тестови, 35 се реинфекции

Редакција

Македонија е подготвена да прими бегалци од Украина

Редакција