еМагазин
Image default
Македонија

По болниците низ Македонија се лекуваат 869 позитивни и суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 869 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 76 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 38 пациенти, во Велес се лекуваат 68 болни, а во Куманово 143 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 112 во ковид центарот во Гостивар 36, а во Струга 16 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 34 во Кичево 23, Кавадарци 69, а во Гевгелија 26 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти,“ се вели во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.537 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рускиот амбасадор во Грција: Русија не е против новото име на Македонија, но не е за членство во НАТО

Редакција

Пороен дожд вечерва низ Македонија

Редакција

Неделава да се отворат моловите, авто школите, следната угостителските објекти, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција