еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) На Клиниката за ортопедски болести извршена првата трансплантација на коски кај 19-годишен пациент

На Клиниката за Ортопедски болести заврши првата трансплантација на коска кај 19-годишен пациент, а операцијата траеше пет часа, информираат од Министерство за здравство.

„Кај младиот пацинет е трансплантирана коска од починат дарител. Тимот хирурзи предводен од проф. д-р Милан Самарџиски и д-р Александар Трајановски ја заврши комплексната операција на замена на малигно променето коскено ткиво со здраво ткиво од починат донатор кај пациент кој се лекува од малиген тумор на коска, по претходно спроведена биопсија и хемотерапија.

Ова е прв ваков тип на интервенција на замена на оштетено коскено ткиво со дониран алографт. Во тимот учествуваа и д-р Далип Јахја, д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Александар Савески, д-р Резеарт Далипи како и васкуларниот хирург д-р Никола Граматниковски.

Експлантацијата на коскените ткива се случи на 17 април кога тимот хирурзи од Клиниката за Ортопедија предводен од д-р Александар Трајановски ја направи првата експлантација на коски и коскени ткива од починат донор.

Сите експлантирани графтови беа микробиолошки тестирани и складирани за презервација на температура од -40 во Банката за коскени и меки ткива во склоп на Kлиниката,“ се вели во соопштението.

Инаку коскените трансплантанти имаат огромен бенефит за пациентите и се користат кај оштетувања на скелетот предизвикани од бенигни и малигни тумори, состојби после трауми, последици од пропаднати ендопротези, вродени аномалии како и кај ред други заболувања кои прават оштетувања на скелетот.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Koja e „Орбита ИНВ„, новиот сопственик на Топланата “Скопје Север“

Редакција

Пет новопочинати од корона вирусот, меѓу нив и десетмесечно бебе

Редакција

Жолта алертна фаза во целата земја, температурата до 38 степени

Редакција