еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Најлошото допрва ни претстои во војната што Русија ја води во Украина, изјави францускиот министер за надворешни работи Ле Дриан

Најлошото допрва ни претстои во војната што ја води Русија во Украина, изрази голема загриженост, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан, јави дописникот на МИА.

– Можеме да се плашиме од логика на опсада, на која Русите се навикнати, предупреди шефот на француската дипломатија во интервјуто за ТВ Франс 2, додавајќи дека треба да се потсетиме на Алепо, Грозни…

Рускиот претседател Владимир Путин сака „негирање на Украина и негирање на демократска земја на нејзиниот праг“, тврди францускиот министер за надворешни работи.

Тоа е логиката. Приказната за Донбас и двете републики Доњецк и Луганск за кои зборувавме пред неколку дена беше алиби, тоа беше изговор. Волјата на Путин е да избегне на неговиот праг да има демократски модели кои на крајот можат да влијаат на развојот на Русија, објасни тој.

Франција денеска ќе му предложи на Советот за безбедност на Обединетите нации усвојување на резолуција со која се бара прекин на огнот во Украина, потврди Жан-Ив Ле Дриан.

Француското претседателство со Европската унија претходно најави дека Париз ќе го преземе овој чекор. Како постојана членка на Советот за безбедност, Русија има право на вето на резолуциите во СБ на ОН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОН: Милион Украинци ја напуштија Украина поради војната

(Видео) Зеленски: „Украина не сака да биде покриена со тела на војници, тоа се збунети деца кои се искористени“

По барање на 39 земји отворена истрага за можни воени злосторства во Украина

Изминатата ноќ во Украина: Гранатирани Харков и Киев, жестоки борби и стотици загинати во Мариупол, Херсон падна во „руски раце“

МИА/Фото: Министерство за одбрана на Украина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцинирајте се, сертификатите за влез во ресторани, спортски објекти, хотели… низ Европа се реалност, порачуваат од Министерството за здравство

Редакција

Кои се обвинетите за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

Редакција

Зеленски одбил да се сретне со германскиот претседател: Штајнмаер не е добредојден во Киев

Редакција