еМагазин
Image default
Да помогнеме

На малиот Војдан му е потребна голема помош: Секоја донација е нов чекор напред

Среќно и безгрижно детство без здравствени проблеми е желба на секој родител и згрижувач на секое дете. Малиот Војдан Спасовски уште во својата прва година од животот за жал се соочува со еден од најстрашните непријатели на денешницата – церебрална парализа.

На малиот Војдан му е потребна голема помош, затоа што секоја донација, без разлика колку голема, е нов чекор напред во неговата секојдневна борба.

Технологијата и модерните можности за неопходната интензивна рехабилитација и физикална терапија во Загреб, пропратени со редовни контроли и мултидисциплинарно следење на состојбата, константни вежби, како што е и наведено во препораката од „Поликлиниката за физикална медицина и рехабилитација“ од Загреб, се шансата Војдан да продолжи да го живее животот, којшто штотуку му започнува и којшто го заслужува како и секое друго дете.

Да ја покажеме хуманоста и човечноста уште денес за овој мал борец, и да придонесеме и помогнеме заеднички со донирање за рехабилитацијата на Војдан, којашто се очекува да трае минимум една година, со препорачан почеток на 7 март 2022 година.

Кај заболените од церебрална парализа и оние кои се под голем ризик за развој на оваа болест, од огромна важност е со рехабилитацијата да се започне што порано со цел да се подобри состојбата и да се овозможи нормален живот.

Секој може да донира на неколку различни начини, преку повик на мобилен број, преку уплата на банкарска сметка, или преку GoFundMe ме платформата.

Броевите и трансакциските сметки за донации се следните:

А1 – 143 470

Телеком – 143 145

Достапни банкарски сметки за донирање:
IBAN – MK07280107101015332
SWIFT CODE – KRSKMK2Х
Трансакциска: 280107102128795

Активен линк за донација преку платформата GoFundMe – “Vojdan’s Cerebral Paralysis Healing Therapy”: bit.ly.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Уште едно исчезнато лице: Се бара 35-годишниот Горан Атанасовски

Редакција

Итно се потребни тромбоцити од крвна група А+

Редакција

Роберт има повреди на главата, потребни се средства за лекување

Редакција