еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Славица Кутиров реизбрана за директор на Царинската управа

Досегашната в.д. директорка на Царинската управа, Славица Кутиров е реизбрана за директор на оваа државна институција.

Според Кутиров, која беше в.д. од август минатата година, реизборот е потврда за квалитетното менаџирање на Управата во изминатиот период.

-Како директор на Царинската управа, продолжувам во спроведување на сите законски надлежности и приоритетите за развој на институцијата.

Во следниот период, целокупното работење го насочуваме кон реализацијата на повеќе проекти кои имаат цел да обезбедат поефикасна наплата на приходите и заштита на финансиските интереси и на општеството, олеснување на трговијата, пред се преку понатамошна дигитализација на царинските и акцизните постапки и интеграција во регионот, како и понатамошна модернизација на ИКТ инфраструктурата и граничните премини.

Во оваа насока, потенцирам дека работиме во специфични услови од аспект на пандемијата, која налага умешност во исполнување на активностите на Царината и непречена прекугранична размена на продукти за снабдување на граѓаните со потребните намирници, но и суровини за производство и извоз на компаниите, вели Кутиров.

Таа нагласува дека Царинската управа е значајна институција која има високо ниво на усогласеност со регулативата и стандардите на ЕУ и во континуитет дава силна поддршка на бизнис секторот и легалната економија во целина.

Својата професионална кариера Кутиров ја развива во Царинската управа повеќе од дваесет години и е прв директор кој потекнува од институцијата, а доби мандат да ја извршува оваа функција во следниот период.

Фото: Фејсбук/Кутиров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов раст на трошоците во градежништвото за нови објекти за домување

Редакција

Новинарот кој го обелодени „Рекет“ очекува крај на премиерската кариера на Зоран Заев

Редакција

Во акција на МВР, УЈП и пазарен Инспекторат затворени неколку ноќни клубови во Скопје заради пропуштање лица без сертификат, неиздавање фискални…

Редакција