еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најмладото на 35-годишна возраст: Од Ковид-19 починаа 11 лица, дополнително пријавени уште 3

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица од Ковид-19: 4 починати лица од Скопје (83г, 80г, 78г и 66г), 3 починати лица од Куманово (93г, 69г и 48г), 2 починати лица од Прилеп (79г и 35г) и по едно починато лице од Струмица (67г) и Радовиш (79г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 13.10.2021 до 19.10.2021 година.

Регистрирани се три починати лица од Крива Паланка, Куманово и Гевгелија, на возраст од 52 до 95 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Вкупниот број на починати е 7.012.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 201 оздравени од Ковид-19

Регистрирани 490 нови случаи на Ковид-19 од 3.073 тестирања

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драгољуб Арсовски купи над 3 илјади акции во ТТК Банка

Редакција

Скендер Реџепи од Алтернатива останува на позицијата за рушење на Владата во која е ДУИ, но има забелешки за Левица во „фронтот“

Редакција

„Фридом хаус“: Македонија бележи напредок, но и натаму е делумно слободна земја

Редакција