еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Најмногу дожд наврна во Прилеп, и денеска врнежи и северен ветер

Во текот на изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Прилеп и Пожар – 21 литар на метар квадратен, 15 во Демир Капија, 7 во Берово, 5 во Претор, 4 во Тополчани и Струмица, 3 во Битола, Охрид и Пожаране, 2 во Крива Паланка, Виница и Маврови Анови и еден литар на метар квадратен во Ѓуриште, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

-Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на Управата за хидрометеоролошката управа (УХМР). Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог, многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, велат од УХМР.

Во текот на ноќта и изутринава времето е облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб интензитет. Утринава понекаде дува слаб променлив ветер кој е повремено умерен во скопската котлина.

Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд, попладне облачноста ќе се намалува, а во југоисточните делови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје претпладне облачно со повремен слаб дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 23 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден малолетен пешак по удар од автомобил во Тетово

Редакција

Починатиот маж од коронавирусот во Кавадарци е странски државјанин

Редакција

Кривична пријава против охриѓанец кој крадел по куќи во Охрид

Редакција